Употреба со соодветна намена

Всисувачот е наменет за собирање, всисување, пренос и одделување на незапаливи суви честички прав, незапаливи течности и мешавина од вода и воздух. Всисувачот технички проверен за прав и одговара на класата на всисување L. Тој е прилагоден и на високите барања при негова комерцијална употреба на пр. во занаетчиството, индустријата и сервисните работилници.

Всисувач од класата на всисување L според IEC/EN 60335‑2‑69 смее да се користи само за всисување на материи што се штетни по здравјето со гранична вредност на изложеност > 1 mg/m³.

Користете го всисувачот само откако ќе ги проучите сите функции и може да ги примените истите без ограничувања или откако ќе ги добиете потребните упатства.