Ставање во употреба

Прекинувачот за правец на вртење (8) поставете го во средната позиција, за да го заштитите електричниот алат од невнимателно вклучување.

Наполнетата батерија (4) притиснете ја однапред навнатре во подножјето на електричниот алат, додека не се заклучи батеријата.

Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (8) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (9) е притиснат ова не е возможно.

Вртење во десно: За навртување на завртки и прицврстување на навртки притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (8) на лево до крај.

Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (8) на десно до крај.

Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (9).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (9) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.

За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (9) и држете го притиснат.

Светлото (10) свети доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (9) е половично или целосно притиснат и овозможува осветлување на работното поле при неповолни светлосни услови.

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (9).