Монтажа на поединечните делови

Монтирање на продолжниот држач (види слика A)

Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.

Кон дополнителниот продолжеток на масата за пила може да монтирате и продолжниот држач од левата и десната страна на електричниот алат.

  • Одвртете ја безбедносната завртка (38) со крстест одвртувач од продолжниот држач.
  • Навалете го електричниот алат.
  • Ставете го продолжниот држач (21) на двете страни од електричниот алат до крај во соодветните отвори .
  • За заштита од извлекување, завртете ја безбедносната завртка (38) повторно во продолжниот држач.