Замена на сечилото за пила (види слика D1D3)

Употребувајте само сечила за пила, чија максимално дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи на вашиот електричен алат.

Користете само сечила за пила, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за употреба или се проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.

Користете само сечила за пила, што се препорачани од производителот на овој електричен алат и се погодни за материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи прекумерно загревање на запците на пилата за време на сечењето.

Вадење на сечилото за пила

Монтирање на сечилото за пила

Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.

  • Навалете го осцилаторниот заштитен капак (9) наназад и држете го во оваа позиција.
  • Ставете го новото сечило за пила на внатрешната стезна прирабница (42).
  • Поставете ги стезната прирабница (40) и завртката со внатрешна шестаголна глава (39). Притиснете ја блокадата на вретеното (28) додека не се вклопи и затегнете ја завртката со внатрешна шестаголна глава во правец спротивен на стрелките на часовникот.
  • Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак надолу.