Одржување и чистење

Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.

Промена на црево за сврзување (види слика I)

За отстранување на цревото за сврзување (18) олабавете ја завртката на стегата за цревото (25) со одвртувач и подигнете ја стегата за црево (25) со цревото за сврзување (18). Извадете ја стегата за црево (25). На другиот крај од цревото за сврзување извлечете го (18) внатрешното куќиште (26) на додаток за црево (27). Држете го внатрешното куќиште (26) и зацврстете го цревото за сврзување (18).

За вметнување на новото црево за сврзување (18) држете го внатрешното куќиште (26) и свртете го новото црево за сврзување (18) до крај. Монтирајте ја стегата за цревото (25) на другата страна на цревото за сврзување (18). Позиционирајте ја главата за завртување така што ќе можете со одвртувач да ја затегнете стегата за цревото на главата за завртување (25) без проблем (10) со вртежен момент од околу 2 Nm.