Менување на главата за дупчење

Демонтирање на главата за дупчење (види слика F)

За да ја демонтирате запчестата глава за дупчење (1) ставете вилушкаст клуч (17) (ширина на клучот 17 mm) на површината на клучот на погонското вратило.

Поставете го електричниот алат на стабилна подлога, на пр. на работна клупа. Ставете го клучот за главата за дупчење (12) во еден од трите отвори на запчестата глава (1) и олабавете ја запчестата глава (1) со овој лост со вртење во правец ➊. Јако зацврстената запчеста глава ќе ја ослободите со лесен удар на клучот за затегање на главата за дупчење (12). Извадете го клучот за затегнување на главата за дупчење (12) од запчестата глава и целосно одвртете ја запчестата глава.

Монтирање на главата за дупчење (види слика G)

Монтажата на запчестата глава за дупчење ќе ја извршите по обратен редослед.

Главата за дупчење мора да биде зацврстена со вртежен момент од околу 80–85 Nm.