Северна Македонија

Гаранција од производителот (важи од 01.01.2026)

Сите електрични алати, пневматски алати, мерни алати и градинарски уреди на Bosch се внимателно проверени, тестирани и подлежат на строги контроли на гаранција на квалитет на Bosch. Компанијата Robert Bosch Power Tools GmbH, Max-Lang-Straße 40-46, 70771 Leinfelden-Echterdingen (во понатамошниот текст „Bosch“ или „ние“) затоа дава гаранција за електрични алати, пневматскиалати, мерни алати, градинарски уреди на Bosch, како и за сите производи што работат на електрична енергија (во понатамошниот текст „алат“) согласно долунаведените услови. Правата на купувачот во врска со одговорноста за недостатоците – коишто произлегуваат од купопродажниот договор со продавачот и законските права не се – ограничуваат со оваа гаранција, горенаведените права може да се остваруваат бесплатно.

  1. Обезбедуваме гаранција за период од 25 месеци во согласност со следните одредби во случај на недостатоци на алатот коишто може да се докаже дека произлегуваат од материјална грешка или грешка во производството - во гарантниот период. Кај алатите коишто се користат за комерцијални или деловни цели или се користат на сличен начин, гарантниот рок изнесува дванаесет месеци. Гарантниот рок започнува со купувањето од страна на првиот краен купувач. Релевантен е датумот на оригиналната сметка како доказ за купување.
  2. Гаранцијата за алатите EXPERT може да ја продолжите на вкупно пет години, а за сите други алати на вкупно три години (со исклучок на високофреквентни алати, индустриски бежични шрафцигери, пневматски алати, акумулатори - и полначи за зелени и градинарски алати). Ова е возможно под услов да се регистрирате онлајн во рок од четири недели по купувањето на алатот, како што следува:
    • Регистрацијата може да се изврши само на следниве веб-страници:
    • www.bosch-diy.com/mk/mk/mybosch, ако е алат за - дома и за во градина, или
    • www.bosch-professional.com/pro360/, ако е алат за професионалци.
    • Регистрацијата е можна само ако се согласите со зачувувањето на податоците што ги внесувате.
    • Одлучувачкиот фактор за регистрација во наведениот рок е фактурата или потврдата од продавачот од кого сте го купиле алатот. Затоа, оригиналниот доказ за купување треба да се чува.
    • За регистрација во наведениот рок е важно да ја поседуватасметката или потврдата од продавачот од кого сте го купиле алатот. Затоа, оригиналниот доказ за купување треба да се чува.
    • Отткако ќе се регистрирате ќе добиете сертификат. Овој сертификат е исто така неопходен за остварување на правата од гаранцијата, и поради тоа потребно е веднаш да се испечати и да се чува.
  3. Следниве ставки се исклучени од гаранцијата
    • Опрема;
    • Уреди за демонстрација;
    • Делови кои подлежат на трошење, кое произлегува од користењетоили друго природно абење, како и недостатоци на алатот кои се резулата на трошење, кое е произлегува од користење или друго природно абење;
    • Недостатоци на алатот предизвикани од непочитување на упатството за употреба, неправилна употреба, невообичаени услови на животната средина, несоодветни работни услови при користење на алатот, преоптоварување или недостаток на одржување или грижа;
    • Недостатоци на алатот предизвикани од употреба на опремата, дополнителни или резервни делови што не се оригинални делови на Bosch;
    • алати на коишто се направени модификации или дополнувања и алати што се целосно или делумно демонтирани; и
    • Минимални разлики од зададениот квалитет кои се незначителни, во однос на вредноста и употребливоста на алатот.
  4. Правото на гаранција мора да се пријави во гарантниот период. Алатот на кој се однесува гаранцијата, заедно со копија од сметката (доказот за купување), на која мора да биде означен датумот на купување и називот на производот, и евентуално сертификатот, мора за таа цел да се предаде или испратат до продавачот или до една од сервисните служби наведени во упатството за употреба. Ако го испратите алатот до продавачот или до сервисна служба за корисници, вие ги сносите транспортните трошоци и транспортниот ризик.
  5. Недостатокот што го препознавме како предмет на гаранција ќе се отстрани, така што ние бесплатно го поправаме неисправниот алат по наша дискреција или го заменуваме со исправен алат (вклучувајќи и некој понов модел, ако е применливо). Заменетите алати или делови остануваат во наша сопственост.
  6. Покрај правото на отстранување на недостатоците на алатот опишан во овој гарантен лист, од нашата гаранција не произлегуваат никакви други права, особено немате право да добиете заменски алат за времетраење на поправка.
  7. Гарантните услуги ниту го продолжуваат ниту го обновуваат гарантниот период за алатот.
  8. Отстапување на правата од оваа гаранција е исклучено. Оваа гаранција не важи за користени производи.

Оваа гаранција важи за алат купен во рамките на Европската Унија (вклучувајќи ги Велика Британија, Норвешка и Швајцарија) и користени таму.

За оваа гаранција важи германското право, со исклучок на Конвенцијата на Обединетите нации за договори за меѓународна продажба на стоки (CISG). Со овој избор на право не ја губите заштитата која ви е загарантирана со правните пропис на државата во која го имате вашиот вообичаен престој и не може спогодбено да отстапите (начело на поволност).

Доколку алатот е купен во земја која не е членка на Европската Унија, важат условите на гаранцијата што ја дава продавачот/увозникот на алатот во таа земја, а таа гаранција му се предава на купувачот заедно со алатот.

Robert Bosch Power Tools GmbH
70538 Stuttgart
Germany