Мерни функции
Избирање/менување мерни функции
Мерниот уред ги нуди следните мерни функции:
Мерење должини
Мерење на површини
Континуирано мерење
Мерење на волумен

- Притискајте го копчето
, додека на екранот (5) не се појави приказот за саканата функција.
- За да го потврдите изборот, притиснете го копчето
.
Мерење на должини 

- Притискајте го копчето
, додека на екранот (5) не се појави приказот за мерење на должини
.
- Притиснете го копчето
за да го потврдите изборот.
- Кратко притиснете го копчето
за да го вклучите ласерот.
- Насочете ја ласерската точка кон целта.
- Повторно притиснете го копчето
за да го активирате мерењето.
- Мерната вредност ќе се прикаже во редот со резултат (d).
- За секое понатамошно мерење повторете ги горенаведените чекори.
Со долго притискање на мерното копче
од секоја мерна функција ќе пристигнете во функцијата за мерење на должини
.
При повеќе мерења на должини едно по друго, резултатите на последните мерења се прикажуваат во редовите со мерна вредност (c). Последната измерена вредност стои долу на екранот, а претпоследната над неа итн.
Мерење на површини 

- Притискајте го копчето
, додека на екранот (5) не се појави приказот за мерење на површина
.
- Притиснете го копчето
за да го потврдите изборот.
- Кратко притиснете го копчето
за да го вклучите ласерот.
- Насочете ја ласерската точка кон целта.
- Притиснете го повторно копчето
за да го започнете мерењето, на пр. должина на соба.
- Притиснете го копчето
за да го започнете второто мерење, на пр. ширина на соба.
По завршување на второто мерење површината автоматски ќе се пресмета и прикаже. Резултатот ќе се прикаже во редот со резултат (d). Поединечните мерни вредности стојат во редовите со мерни вредности (c).
Мерење на волумен 

- Притискајте го копчето
, додека на екранот (5) не се појави приказот за мерење на волумен
.
- Притиснете го копчето
за да го потврдите изборот.
- Кратко притиснете го копчето
за да го вклучите ласерот.
- Насочете ја ласерската точка кон целта.
- Притиснете го повторно копчето
за да го започнете мерењето, на пр. должина на соба.
- Притиснете го копчето
за да го започнете второто мерење, на пр. ширина на соба.
- Притиснете го копчето
за да го започнете третото мерење, на пр. висина на соба.
По завршување на третото мерење волуменот автоматски ќе се пресмета и прикаже. Резултатот ќе се прикаже во редот со резултат (d). Поединечните мерни вредности стојат во редовите со мерни вредности (c).
Континуирано мерење 

При континуирано мерење, мерната вредност постојано се ажурира. На пр. може да се оддалечите на некое растојание од ѕидот, а моменталното растојание секогаш ќе биде читливо.

- Притискајте го копчето
, додека на екранот (5) не се појави приказот за континуирано мерење
.
- За да го потврдите изборот, притиснете го копчето
.
- Кратко притиснете го копчето
за да го вклучите ласерот.
- Насочете ја ласерската точка кон целта.
- Движете го мерниот уред додека не се прикаже саканото растојание во редот со резултати (d).
- Континуираното мерење може да го прекинете така што кратко ќе го притиснете копчето
.
- Повторно притиснете го копчето
за да го продолжите континуираното мерење.
Актуелната мерна вредност ќе се прикаже во редот со резултат (d), а максималната и минималната мерна вредност во редовите со мерна вредност (c).
Континуираното мерење автоматски се исклучува по 4 min.

