Функција на зачувување

Вредноста одн. крајниот резултат на секое завршено мерење автоматски ќе се зачува. Зачувани се последните 10 вредности (мерни вредности или крајни вредности). Доколку меморијата е полна, најстарата вредност ќе се презапише. Најстарата вредност се наоѓа на позиција 1 во меморијата, а најновата вредност на позиција 10 (од 10 расположливи мемориски вредности).

  1. Притиснете го копчето , за да го отворите приказот за мемориски вредности.
  • Прикажана е последната вредност.
  1. Притиснете на копчето  или копчето , за да прелистувате низ зачуваните вредности.

Горе на екранот ќе се прикаже бројот на зачуваната вредност и лево симболот на соодветната мерна функција. Доколку во меморијата нема вредност, долу на екранот ќе се прикаже „0.000“, а горе „0“.

Бришење на мемориски вредности

  1. За да ја избришете прикажаната вредност, притиснете го копчето .
  1. За да ги избришете сите зачувани вредности, притиснете и задржете го копчето  и кратко притиснете го копчето .